Аријана Гранде, Мајли Сајрус и Лана Дел Реј се здружија за новата песна „Don't Call Me Angel“, која ќе биде дел од саундтракот за новата верзија на „Charlie’s Angels“ (Чарлиевите ангели).
Во спотот којшто е инспириран од филмот, трите музички ѕвезди се појавуваат во секси издание, а на самиот крај, носат и ангелски крилја кои потсетуваат на шоуто на Victoria's Secret.