По објавувањето на песната „Video Games“, многу критичари на Лана Дел Реј ѝ предвидоа светла иднина, иако некои останаа скептични дека 25-годишната пејачка ќе успее да ја одржи својата популарност.
Лана го објави спотот за „Born To Die“, нејзиниот втор официјален сингл од истоимениот албум кој треба да излезе наредната година. Видеото е мрачно и вклучува впечатливи сцени – полуголата Лана во прегратка на тетовиран маж пред американското знаме, Лана со крваво црвени усни на трон во француска катедрала помеѓу два тигри, крвавото тело на Лана во рацете на тетовираниот маж кој стои пред оган...
И публиката е поделена во однос на талентот на Лана. Вашето мислење?