Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лана Дел Реј за „Fashion“

ФОТО: Лана Дел Реј за „Fashion“

Лана Дел Реј е лицето од септемвриското издание на „Fashion“. За корицата на списанието, 29-годишната пејачка позираше во сина наметка во кралски стил од Blumarine.

Лана Дел Реј

Фотографот Крис Николс стои зад фотографиите од едиторијалот.

Лана Дел Реј

Во интервјуто за списанието, Лана зборувала за тригодишната врска со поранешниот партнер Бери Џејмс О’Нил. „Јас сум мрачен лик, а тој е уште помрачен лик од мене... Беше многу убаво, но и многу тешко. Би сакала да сретнам некој со кого ќе го споделам животот и со кого ќе се омажам. Исто така, би сакала деца. Се надевам дека нема да бидат лоши како што сум јас“ – рекла таа.

Лана Дел Реј Лана Дел Реј

Популарноста на Лана ѝ донесе многу комплименти, но и многу критики. За негативните коментари, таа вели: „Тешките критики те ослободуваат, затоа што не ти оставаат друг пат освен да бидеш потполно себеси“.

Лана вчера го објави својот спот за „Ultraviolence“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18973 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.