Сандра Булок измами многу комплименти додека чекореше на жолтиот тепих на премиерата на филмот „Minions“.
За свеченоста во Лондон, 50-годишната актерка избра фустан од Стела Мекартни и минималистички црни сандали.
Холивудската ѕвезда позираше заедно со своите жолти пријатели. „Има нешто во Лондон што ги расположува сите. Сите потскокнуваат на тепихот наместо да се движат лежерно“ – рекла Булок, која го позајми гласот за новиот филм.
„Сакав да направам нешто што ќе може да го гледа син ми и да ужива во него, иако тој не знае што правам и дека сум јас – можам да седам во кино-салата и да го гледам“ – додала таа.