Ким Кардашијан гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис. 33-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ сподели неколку нови фотографии од својата ќерка Норт Вест.
На една од фотографиите малата Норт е заедно со Кание Вест.
„Таа се менува постојано. Еден ден личи на Кание, еден ден личи на мене“ – коментирала Ким, додека публиката љубопитно ги разгледувала избраните фотографии.
Во интервјуто со Елен, Ким открила дека бременоста била особено тешка за неа, бидејќи имала прееклампсија. „Породувањето беше лесно, но целата бременост беше... имав неколку здравствени проблеми, па беше многу тешко и многу ми се покачи тежината... Имав прееклампсија. Морав да се породам порано. Но, ништо не би променила, бидејќи го имам најнеодоливото, најслаткото бебе на светот“ – рекла таа.
Ким потврди и дека ова лето со Кание планираат да стапат во брак.
Вчера Ким била фотографирана додека пристигнувала во Лондон. Само по неколкучасовен престој во британската метропола, таа отпатувала во Париз каде се сретнала со Кание за романтична вечера.