На доделувањето на модните награди на „Daily Front Row“, Ким Кардашијан беше придружувана од нејзината најголема ќерка – Норт Вест.
42-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ и 9-годишното девојче позираа заедно пред многуте фоторепортери во хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес. Ким ја истакна тенката половина во креација од Рик Овенс, која ја искомбинира со накит за врат од Џон Галијано со потпис на Диор.
Нејзината мала ќерка пак беше облечена во црна креација со обувки од Долче и Габана.
Ким и Норт го најавија на сцената популарниот фризер и бјути гуру Крис Апелтон, кој ја освои наградата Артист за коса на годината.