Кание Вест ја откри првата фотографија од својата ќерка Норт во шоуто на Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан.
На фотографијата направена од самиот рапер, Ким ја држи малата ќеркичка која ја испружува раката кон фотоапаратот.
Норт Вест се роди на 15 јуни и оттогаш медиумите со милионски суми се обидуваа да ја откупат првата фотографија од малото девојче, но парот одлучи да му ја претстави на светот токму во шоуто на Крис.
Во интервјуто со Крис Џенер, Вест призна дека пред врската со Ким на моменти чувствувал дека нема за што да живее, но дека сега неговиот живот е исполнет со радост.
„Откако ја изгубив мајка ми, имаше времиња кога се чувствував како... знаете, си го ризикував животот. Понекогаш се чувствував како да немам за што да живеам, а сега имам две навистина специјални личности за коишто живеам... Таа е мојата радост и таа ја донесе на свет мојата нова радост“ – изјавил Вест.
Погледнете делови од интервјуто: