Ким Кардашијан и Кание Вест неколку дена ја оставија малата Норт Вест за да присуствуваат на повеќе модни случувања во Париз. Откако 32-годишната ТВ ѕвезда се врати дома, веднаш сподели на Instagram фотографија од малата Нори со порака дека ѝ недостигала.
„Ми недостигаше да се будам со мојот мал ангел“ – напиша Ким.
На фотографијата малото девојче е завиено во пелена, која има цел да направи бебето да се чувствува посигурно и поспокојно, исто како во матката. Ова е втора објавена фотографија од Нори, која се роди на 15 јуни.
Додека Ким и Кание престојуваа во Париз, повеќе славни дизајнери, меѓу кои Рикардо Тиши од Живанши, Александар Ванг и Албер Елбаз од Ланвин, им испратија специјални подароци за Норт Вест.