Ким Кардашијан и Кание Вест привлекоа огромно внимание во Париз. Додека модната недела се приближува кон својот крај, славниот пар одлучи да го посети модното шоу на својот омилен бренд – Живанши.
Ким беше облечена во црна креација низ која се проѕираше нејзиното бујно деколте, дизајнирана специјално за неа од самиот Рикардо Тиши, главниот дизајнер на Живанши.
Новите родители во црни комбинации седеа во првиот ред на ревијата заедно со Лили Колинс и Сиара.
На ревијата на Живанши присуствуваа многу познати лица од светот на модата, како Ана Дело Русо, која носеше иста Живанши креација како и Лили Колинс, потоа Франка Соцани, уредничката на италијанскиот „Вог“ и манекенката Наталија Водјанова.
За време на престојот во Париз, Ким и Кание неколку пати беа фотографирани со поранешната уредничка на францускиот „Вог“, Карин Ројтфелд.