На адреса на семејствата Кардашијан и Џенер редовно се упатуваат критики поради провокативниот и сексапилен имиџ. Кендал Џенер со својот изглед на MuchMusic Awаrds ги засили таквите коментари.
18-годишната девојка се појави на црвениот тепих во креација со два шлица високи до колковите. Многумина се согласија дека бежовата креација на Фаусто Пуљизи не е соодветна за тинејџерка.
Кендал зачекори на црвениот тепих заедно со 16-годишната сестра Кајли, а подоцна двете ја водеа музичката манифестација која се одржа во Торонто.