Почетна » Новости » Мода » Џенифер Лопез и Кендал Џенер сексапилни ѕвезди во новата кампања на Версаче

Џенифер Лопез и Кендал Џенер сексапилни ѕвезди во новата кампања на Версаче

Воопшто не е изненадување што Џенифер Лопез е водечка ѕвезда во најновата кампања на Версаче, со оглед на фактот што колекцијата е инспирирана од иконскиот фустан кој таа го носеше на Греми во 2000 година и што токму таа ја затвори ревијата за истата колекција пред 4 месеци.

50-годишната актерка и пејачка, заедно со Кендал Џенер, позираше за новата кампања, која го истражува заматувањето на линиите помеѓу јавниот и приватниот живот во денешното интернет општество.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

„Сон е што повторно соработувам со мојата пријателка Донатела Версаче за оваа прекрасна кампања и што создадовме нешто ново и свежо од парче иконска модна историја“ – вели Лопез.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Пред 20 години, со своето појавување на Греми во разголен фустан, Џенифер стана апсолутен хит и толку многу луѓе пребаруваа на Google да пронајдат фотографии од нејзиниот изглед што ги поттикна основачите да го создадат Google Images.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

На ревијата во септември, Лопез повторно го привлече светското внимание со нова верзија на зелениот фустан:

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20799 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.