Кели Кларксон стапи во брак со Брендон Блексток. 31-годишната пејачка ја сподели веста со своите фанови и објави три фотографии од големиот ден.

„Официјално сум г-ѓа Блексток. Стапивме во брак вчера во Блекбери Фарм во Тенеси, најубавото место!“ – напиша Кларксон на социјалните мрежи.
На фотографиите среќната невеста носи долг чипкаст фустан од Алис Темперли и ужива во бакнежите на својот сакан.


Музичката ѕвезда го прифати предлогот за брак на 35-годишниот Блексток во декември минатата година. Парот планираше свадба со пријателите и роднините, но подоцна одлучи дека е најдобро да скокне во брачните води без големи свечености. „Целиот наш живот е прослава. Не ни треба уште еден ден за време на кој ќе приредиме голема забава. Повеќе би сакале да доживееме интимен момент кој е специјален“ – изјавила Кели.
Блекстон има две деца од претходен брак, но парот веќе планира проширување на семејството. „Би сакале да имаме повеќе деца“ – открила Кели.