Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Емотивната трудница Кели Кларксон ја расолзи Џеј Ло со изведба на песна посветена на ќеркичката

Емотивната трудница Кели Кларксон ја расолзи Џеј Ло со изведба на песна посветена на ќеркичката

Првиот американски идол, Кели Кларксон, синоќа се врати на сцената на шоуто во кое победи во 2002 година и ги расплака сите присутни, вклучително и себеси. Кит Урбан плачеше како дете, додека Џенифер Лопез со насолзени очи го следеше емотивниот настап.

33-годишната Кларксон, која е во 9. месец од бременоста со второто дете, низ солзи ја изведе песната „Piece by Piece“ во последната сезона на шоуто American Idol. Синглот е дело на Кларксон, а е посветен на нејзината 20-месечна ќерка Ривер Роуз.

Песната ѝ носи на Кларксон толку многу емоции поради тоа што во неа се мешаат нејзиното минато и нејзината сегашност – напуштањето од страна на нејзиниот татко кога била малечка, како залудно го молела да ја сака, но и како нејзиниот сопруг успеал да ги собере парчињата кои татко ѝ ги оставил зад себе и да ги спои со својата љубов.

„Мојот сопруг пристигна во мојот живот како целосна спротивност на мојот татко. Тој е присутен“ – изјавила Кларксон по објавувањето на песната.

Видео од настапот

Кели Кларксон Кели Кларксон Кели Кларксон Кели Кларксон Кели Кларксон Кели Кларксон Кели Кларксон со ќеркичката Ривер Кели Кларксон

Спотот за песната „Piece by Piece“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19069 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.