Фановите на Кели Кларксон од денес имаат можност да го погледнат спотот за „Mr. Know It All“, првиот сингл од нејзиниот нов албум .
Во видеото Кели испраќа порака до нејзиното момче и до целиот свет дека нема да трпи критики и да прима совети од оние кои мислат дека ја познаваат повеќе отколку што таа се знае самата себе.
„Не знаеш ништо за мене“ – му пее Кели на своето момче. Истата порака 29-годишната пејачка ја испраќа и до целиот свет – во спотот на огромен ѕид се излепени исечоци од весници со лажни гласини за неа, за на крајот Кели да го руши ѕидот и да избега на слобода.
„Целата поента на песната е: не знаеш ништо за мене. Го обожавам тој концепт затоа што е глупаво да мислиш дека знаеш сè за одредена личност“ – објаснила Кели.
„Mr. Know It All“ е дел од новиот албум на Кели, „Stronger“, кој ќе излезе наредниот месец.