Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ирина Шајк секси и провокативна за GQ Русија

ФОТО: Ирина Шајк секси и провокативна за GQ Русија

Ирина Шајк е провокативна девојка за августовското издание на GQ Русија. Зеленооката убавица заведува од страниците на машкото списание.

Ирина Шајк

Покажувајќи го своето тонирано тело, 27-годишната Русинка позира во сексапилни креации.

Во интервју за списанието, девојката на Кристијано Роналдо открила дека привлечната фигура ја одржува со редовно вежбање и дека ужива кога е физички активна. „Навистина обожавам да вежбам! Моите омилени вежби се пилатес и трчање покрај автопатот Вест Сајд кога сум во Њујорк. Потешко ми е кога патувам, затоа што станувам мрзелива и сакам да јадам, па се обидувам да пронајдам баланс“ – изјавила таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк

За своите планови за летото, Шајк споделила: „Всушност, само што се вратив од одмор, но се обидувам да најдам време за уште едно патување до Русија за да ги видам моите баби пред да заврши летото. Нема ништо подобро од тоа да одиш дома кај семејството, да јадеш добра храна и да се релаксираш.“

Ирина Шајк Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19078 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.