Папараците преку фотографии ги потврдија гласините дека Ирина Шајк и Бредли Купер се во врска.
29-годишниот модел и 40-годишниот актер биле фотографирани за време на ноќна прошетка во Њујорк. На фотографиите парот си разменува бакнежи и нежности.




Славната Русинка претходно беше во 5-годишна врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, додека популарниот актер пред неколку месеци ја прекина 2-годишната врска со Суки Вотерхаус.









Шајк и Купер биле видени заедно на забавата на Ријана по балот МЕТ.


