Ирина Шајк му е голема поддршка на Бредли Купер, таткото на нејзината ќеркичка, па не ја пропушти неговата најнова премиера.
35-годишната манекенка присуствуваше на прикажувањето на филмот „Nightmare Alley“ во Њујорк. Руската убавица изгледаше атрактивно во црна комбинација со разголено деколте.
Бредли не ја сокри радоста што Ирина е присутна на овој важен настан за него. „Да многу е специјално“ – рече тој.
Ирина позираше и со својата блиска пријателка Стела Максвел.