Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ирина Шајк за првпат на насловна на „Вог“

ФОТО: Ирина Шајк за првпат на насловна на „Вог“

Ирина Шајк ја доби својата прва „Вог“ корица. Привлечната Русинка го краси ноемвриското издание на „Вог“ Шпанија, облечена во палто од Гучи.

Ирина Шајк

„Голема чест е да бидеш на насловната на Вог Шанија. Работев напорно за да преминам повеќе кон високата мода и ова е прекрасна потврда“ – изјавила Шајк.

Во интервјуто за списанието, Шајк зборувала за својот долгогодишен партнер, фудбалерот Кристијано Роналдо. „Заедно сме повеќе од три години и уживам во врската! Тој е голема поддршка за мене. Секогаш е покрај мене и знае како да ме усреќи. Ме разбира совршено и ја разбира мојата работа, што е многу важно за мене. Ја обожавам мојата професија и патувањето, па ми треба партнер кој го разбира она што го правам и ми дава сила за тоа“ – рекла таа.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

На прашањето што гледа во својата иднина, Ирина одговорила: „Како и секоја друга жена, сакам да имам деца, семејство и многу животни. Но, не можеш да го планираш тоа. Мора да дојде вистинското време, а никогаш не знаеш кога ќе биде тоа.“

Фотографиите се дело на Џампаоло Згура.

Видео од фотосесијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.