Синот на Клинт Иствуд ги заскокотка женските фантазии. Скот Иствуд позираше за октомвриското издание на списанието „Town & Country“ и докажа дека „крушата под круша паѓа“.
27-годишниот актер во интервјуто за списанието споделил дека не сака да го гледаат како дете на славен актер и дека сака да биде свој човек. Покажувајќи дека не сака да живее од славата на неговиот татко, тој досега не се плашел да кова шајки, да биде бармен или градежен работник.
„Луѓето претпоставуваа дека сè ќе ми биде дадено како на послужавник, но тоа е далеку од вистината“ – изјавил Скот, кој беше дел од филмски проекти како „Flags of Our Fathers“, „Gran Torino“, и „Trouble with the Curve“.
Скот несомнено ја наследил амбициозноста на својот татко и неговиот поглед сега е насочен кон Холивуд. „Како режисер и актер, мотото на татко ми беше: Кажувај ја вистината. Единствениот начин да го сториш тоа е да имаш богато животно искуство и да си раскажувач на приказни“ – рекол тој.