Холивудски заводници од различни генерации. Клинт и Скот Иствуд ја делат љубовта кон актерството и желбата за холивудски успеси.
Дуото татко-син позираше за најновото издание на машкото списание „Esquire“, потсетувајќи ги припадничките на понежниот пол на шармот кој очигледно се пренесува од колено на колено.
Во рамките на интервјуто, Клинт беше запрашан што го советува Скот кога работат на филм во негова режија. „Па, досега немаме направено голем проект со него. Но, веројатно наскоро ќе го молам за тоа. Секогаш доаѓа и добро си ја завршува работата. Сега премина на подобри улоги и девојките викаат и прашуваат каде е Скот. Порано прашуваа каде сум јас“ – рекол низ насмевка 86-годишниот актер.
За следниот месец се закажани премиерите на филмовите „Sully“ режиран од Клинт и „Snowden“ во кој Скот има споредна улога.