Џерард Батлер и Скот Иствуд привлекуваа женски погледи на ревијата на Boss Women. 44-годишниот актер и 27-годишниот син на Клинт Иствуд изгледаа отмено во темни костуми во Њујорк.
Двајцата шармери беа само дел од многуте ѕвезди кои имаа можност први да ги видат женските креации на познатиот моден бренд, зад кои стои младиот дизајнер Џејсон Ву.
Рис Витерспун, Гвинет Палтроу и Даен Кругер со задоволство позираа од првиот ред на ревијата.
Модното шоу го посети и главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур.