Ана Ивановиќ ја покажа својата завидна фигура во едиторијалот „Staying Power“ на списанието „Self“.
Атрактивната тенисерка позирала пред објективот на Адам Вајтхед, додека за стајлингот била задолжена Линдзи Фругер.

„Се чувствувам најубаво кога сум среќна и самоуверена“ – изјавила Ана во интервју за септемвриското издание на списанието.

Кога станува збор за напорните тренинзи, Ана споделила дека секој ден е по 2 и пол часа на тенискиот терен и еден час во фитнес сала. „Работам на мојата сила, подвижноста, експлозивноста и брзината“ – рекла славната Србинка и дополнила дека откажувањето никогаш не е опција.

