Почетна » Новости » Занимливости » Ана Ивановиќ во едноставно бело фустанче на церемонија во нејзина чест на Ролан Гарос

Ана Ивановиќ во едноставно бело фустанче на церемонија во нејзина чест на Ролан Гарос

Ана Ивановиќ и официјално се збогува со професионалното играње тенис. Организаторите на Ролан Гарос со церемонија го одбележаа крајот на кариерата на српската тенисерка која победи на турнирот во 2008 година.

На свеченоста, Ана се појави во едноставен бел фустан и црни балетанки со врвки и ѝ се обрати на публиката.

Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ Ана Ивановиќ

„Кога се подготвував за врачувањето, си ветив себеси дека нема да плачам. Но, беше тешко да се задржат солзите. Ми се вратија многу емоции, беше преубаво. Се сеќавам кога бев овде, кога го подигнав трофејот и полетав во прегратката на родителите“ – рече таа.

Иако многумина сметаат дека таа прерано се пензионира, 29-годишната спортистка изјави: „Мислам дека беше во вистинско време. Многу нешта влијаеа на таквата одлука. Поминаа веќе шест месеци и не се каам заради тоа.“

На церемонијата присуствуваше нејзиното семејство.

Ана Ивановиќ

Бастијан Швајнштајгер преку социјалните мрежи ја поздрави својата сопруга со топла порака. „Тажен сум што не можам да бидам со тебе во Париз за твоето официјално пензионирање денес. Она што го имаш постигнато во твојата кариера е неверојатно! Премногу се гордеам со тебе и едвај чекам да те прегрнам“ – напиша тој и сподели фотографија на која Ана го држи трофејот.

Ана Ивановиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.