Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер со големо внимание го проследија женското финале на Ролан Гарос кое се играше помеѓу Ига Швјонтек и Коко Гоф.
Поранешната тенисерка, која во 2008 година триумфираше на истиот турнир, изгледаше прекрасно во нежен фустан со цветен принт.
34-годишната Србинка објави фотографија со победничката Ига Швјонтек.