Ана Ивановиќ ужива во семејна идила. Поранешната српска тенисерка беше фотографирана на прошетка со трите деца само две недели по породувањето.
Папараци фотографиите ја прикажуваат Ана како ја турка количката и го носи во рацете новороденото бебенце, додека покрај неа трчаат и се возат на тротинети поголемите синови Леон и Лука.
Шарматната сопруга на Бастијан Швајнштајгер на 9 мај објави дека им се роди трето дете.
На фотографиите направени на Мајорка, Ана е заедно и со мајка ѝ.