Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер снимија романтична фотосесија за германското издание на „Вог“.
31-годишната Србинка и 34-годишниот Германец позираа на плажа и зборуваа за довербата во врската и семејните моменти.
„Секој ден сум благодарен за моментите поминати заедно, ние тројцата“ – вели Бастијан. „Сметам дека комуникацијата е многу важна во секоја врска и потоа можеш да правиш компромис, можеш да правиш сè да успее ако сакаш, но во основата стои љубовта и уживањето да минувате време заедно и всушност, да учите еден од друг“ – додава Ана во видеото.
„Ана знае точно што чувствувам и тоа ми го прави животот многу полесен. Ми се допаѓа тоа“ – признава славниот фудбалер.
„Кога ќе ја најдеш личноста со која ќе го делиш животот мора да има љубов, но исто така почит и разбирање“ – додава Ана.
Познатите спортисти се заедно од 2014 година, а стапија во брак во 2016 година. Парот има едно синче.