Софија Вергара блеска од страниците на „Vanity Fair“. 42-годишната актерка заведуваше пред објективот на Ени Либовиц за мајското издание на списанието.


Во интервјуто за списанието, згодната Колумбијка зборувала за својот свршеник Џо Манганиело. „Не би променила ништо кај него, освен фактот што е четири години помлад од мене“ – рекла Вергара.
Актерката од серијата „Modern Family“ признала дека купувањето на градник ѝ било измачување. „Моите гради се преголеми. Цел живот купувањето на градник ми беше кошмар. Верувајте ми, посакувам да имав вештачки гради“ – изјавила таа.



Погледнете и видео од снимањето на фотосесијата.