Софија Вергара и Џо Манганиело не ја пропуштија најѕвездената забава во светот – постоскаровската забава на Vanity Fair.
49-годишната актерка и 45-годишниот актер позираа прегрнати пред бројните фоторепортери на свеченоста.
Атрактивната Колумбијка изгледаше прекрасно во фустан кој ги акцентираше нејзините облини. Креацијата е дело на Марк Зунино.