Софија Вергара и Џо Манганиело беа дел од паровите кои присуствуваа на постоскаровската забава на Vanity Fair во Беверли Хилс.
Атрактивната Колумбијка го истакна својот сексапил во креација од Долче и Габана, која ја надополни со накит од Лорејн Шварц. За свечениот настан, Џо избра костум од италијанскиот бренд Isaia.
Вергара сподели неколку фотографии на својот профил на Instagram.
46-годишната актерка и 42-годишниот актер неодамна го завршија снимањето на драмата „Stano“.
Парот се сврши на Божиќ во 2014 година по 6-месечна врска, а стапи во брак на 21 ноември 2015 година.