Бредли Купер и Ирина Шајк го продолжуваат својот одмор во Италија. Популарниот пар беше фотографиран додека си разменуваше нежности на идиличниот Капри.
Славната Русинка и згодниот Американец ова лето неколку пати беа фотографирани на различни локации низ шармантната Италија.










40-годишниот актер и 29-годишниот модел за првпат беа забележани заедно на почетокот на мај. Купер претходно беше во врска со моделот Суки Вотерхаус, додека Шајк на почетокот на годинава објави дека раскина со Кристијано Роналдо по 5-годишна врска.
Пред неколку дена се појавија и нови промотивни фотографии од кампањата на Ирина за „Bebe“.

