Веста за абдицирањето на шпанскиот крал Хуан Карлос го насочи вниманието на светската јавност кон престолонаследникот Фелипе и неговата сопруга Летиција.
Како поранешен олимписки спортист и истакнат филантроп, Фелипе веќе ја има придобиено наклонетоста на шпанскиот народ. Неговата сопруга принцезата Летиција повеќе од една деценија е дел од шпанското кралско семејство. Парот кој ќе седне на тронот има две ќерки, 8-годишната Леонор и 7-годишната Софија.
Летиција Ортиз е поранешна новинарка која нема благородничко потекло. За време на студирањето таа била дел од редакцијата на неколку весници, а по завршувањето на магистерските студии работела како телевизиска водителка и новинарка. Зад себе таа има еден неуспешен брак со Алонсо Перез, со кого била во врска десет години. Бракот завршил со развод во 1999 година, само една година по свадбата.
Во ноември 2003 година беше објавена свршувачката на Летиција и Фелипе, а на 22 мај 2004 година парот се заколна на вечна љубов.
Летиција, која наскоро ќе биде новата кралица на Шпанија, привлекува пофалби со добротворната работа, но неретко се соочува и со критики од јавноста поради слабата фигура и пластичната операција на носот.
Нејзиниот отмен и префинет стил отсекогаш ги восхитувал нејзините фанови. Модерната принцеза ги поддржува шпанските дизaјнери, меѓу кои најомилен ѝ е Фелипе Варела, и шпанските брендови како Зара и Манго.
Летиција ќе добива сѐ поголемо медиумско внимание, а пред таа и официјално да стане кралица, погледнете го нејзиниот стил низ фотографии.