Шпанската кралска двојка организираше гала-вечера во Мадрид по повод официјалната посета на чилеанската претседателка Мишел Бачелет.
За првата гала по крунисувањето на својот сопруг, кралицата Летиција избра долг црн фустан од Каролина Ерера.
Елегантната креација Летиција ја надополни со блескава цветна тијара. Станува збор за популарно парче накит на шпанското кралско семејство, кое претходно ѝ припаѓаше на кралицата Софија.
Еден ден подоцна, Летиција и Фелипе организираа прием за почитуваната претседателка во кралската палата Ел Пардо.