Жизел Бундхен ги понесе своите две деца за заедно да го бодрат Том Брејди на финалниот натпревар на Супер Боул. Па можеби токму нивната поддршка го мотивираше Том да даде сè од себе и заедно со својот тим да извојува победа.
По завршувањето на финалниот меч на 51-вото издание на Супер Боул, познатото семејство славеше на теренот за победата на тимот на Брејди и освојувањето на трофејот „Винс Ломбарди“.
На фотографиите, 36-годишната Жизел, 7-годишниот Бенџамин и 4-годишната Вивиен го опсипуваат Том со бакнежи и прекратки, горди на неговиот успех.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret и 39-годишниот спортист се во брак од 2009 година.
COMEMORA GISELE #SuperBowlnaESPNGISELE #SuperBowlnaESPN pic.twitter.com/fFuEUZvOE9
— Alef de Lima (@limaalef) February 6, 2017
Hey @giseleofficial, are you excited the @patriots won the Super Bowl?