Жизел Бундхен и нејзиниот сопруг Том Брејди секоја година заработуваат милиони и милиони долари, па кога станува збор за градењето на семеен дом, парот го прескокна штедењето.
Најплатениот модел на светот и успешниот спортист изградија огромна куќа во Брентвуд, Лос Анџелес, која чини 20 милиони долари. За време на неколкугодишното градење биле користени колку што е возможно повеќе еко материјали, а целиот процес се одвивал со особено внимание и почит кон животната средина.
Финалниот резултат го краси најновото издание на списанието Architectural Digest. Куќата од 1.300m2 има 6 спални соби, огромна соба за вежбање и максимално опремена кујна. Во ентериерот преовладуваат неутрални бои, „разбиени“ со зелени и сини акценти. На една од фотографиите е прикажан плакарот на модната ѕвезда.
„Сакам едноставност и удобност. Сакам да живеам во место кое го чувствувам како вистински дом, каде можеш да си ги кренеш нозете на каучот и едноставно да се релаксираш“ – изјавила Жизел.
Во дворот на големиот имот има базен, како и градина со овошје и зеленчук.