Жизел Бундхен роди здраво девојче. Славната манекенка се породила во својот дом на 5 декември, а веста ја објави денес на својот профил на Facebook.
32-годишната долгонога кралица на модните писти ги израдува своите фанови со фотографија од малото раче на малата ќеркичка Вивиен.
„Се чувствуваме пресреќни што имавме можност повторно да го доживееме чудото на раѓањето на нов живот и засекогаш ќе бидеме благодарни за можноста да бидеме родители на уште еден мал ангел. Вивиен Лејк се роди дома на 5 декември. Таа е здрава и полна со живот. Благодарам за поддршката и убавите желби“ – напиша таа.
Ова е второ дете на Жизел со нејзиниот сопруг Том Брејди. Познатиот пар има и тригодишен син, Бенџамин, додека Том е татко и на петгодишниот Џон од негов претходен брак.