Жизел Бундшен и Том Брејди се на семеен одмор со трите деца во Костарика.
37-годишниот модел и 40-годишниот спортист беа фотографирани додека си разменуваа бакнежи и се шетаа со своите деца на плажа. Славната Бразилка изгледаше одлично во црни бикини.
На фотографиите, 10-годишниот Џон, 8-годишниот Бенџамин и 5-годишната Вивиен си играат покрај своите родители.
Брејди сподели фотографии од одморот на Instagram.
Жизел и Том започнаа да се состануваат во декември 2006 година, а во февруари 2009 година стапија во брак. Во април истата година, тие направија уште една свадбена прослава токму во Костарика.