Запознајте ја Вивиен Лејк Брејди. Жизел Бундхен ја претстави малата ќеркичка која се роди пред само два месеца.
32-годишниот супермодел на Facebook објави фотографија на која ја држи насмеаната Вивиен во рацете.
„Љубовта е сè! Среќен петок, многу љубов за сите“ – со таа порака Жизел ги поздрави своите фанови од Хаваи, каде е на одмор со семејството.
Вивиен се роди на 5 декември минатата година. Таа е второ дете на Жизел со нејзиниот сопруг Том Брејди. Познатиот пар има и тригодишен син, Бенџамин, додека Том е татко и на петгодишниот Џон од негов претходен брак.