Бремената Жизел Бундхен ја криеше бременоста сè додека не започна да се познава нејзиното стомаче. Но, сега веќе нема покривање на големото стомаче кое зборува дека се наближува датумот за породување.
Славниот супермодел беше фотографиран на плажа во Мајами каде што се релаксираше заедно со пријателка.
32-годишната Бразилка е бремена со второто дете од нејзиниот сопруг Том Брејди.
Неколку дена претходно таа ги поздрави своите фанови преку Facebook, објавувајќи фотографија од својата маска „Клеопатра“ за Ноќта на вештерките.