Енрике Иглесијас доживеа незгода на сцена во Тихуана, Мексико, но продолжи да ја забавува публиката.
Популарниот пејач не го прекина својот концерт, откако дрон му пресече два прста и пееше пред 12.000 лица со крвава маица и преврзана рака.
Претставник на 40-годишниот музичар објаснил дека за време на концертите се користи дрон за да се добијат снимки од публиката и дека понекогаш Енрике го фаќа дронот за да има позабавни снимки од него. Во соопштението за медиуми било објаснето и дека Енрике бил преврзан зад сцената, но иако бил советуван да го прекине концертот, тој продолжил да пее уште 30 минути.
Фановите на Енрике објавија повеќе фотографии од концертот и упатија многу комплименти кон славниот пејач за тоа што постапил како вистински професионалец.
Во еден момент, Енрике со крв нацртал срце на својата бела маица.
По концертот во Мексико, кој е дел од светската турнеја „Sex and Love“, Енрике веднаш бил префрлен кај специјалист во Лос Анџелес.