Додека Енрике Иглесијас е зафатен со промоција на новиот албум, Ана Курникова им е посветена на нивните три деца.
40-годишната поранешна тенисерка сподели видео во кое близнаците Луси и Николас се возат во детски автомобил со малата сестричка Мери. Слатките дечиња се забавуваат додека во позадина се слуша новата песна на нивниот татко, „Chasing the Sun“.

Енрике и Ана се заедно од 2001 година. Нивните близнаци Луси и Николас се родија на 16 декември 2017 година, а Мери во јануари 2020 година.