Ана Курникова на Instagram го одбележа роденденот на нејзините близначиња со Енрике Иглесијас.
Поранешната тенисерка објави слатки фотографии за третиот роденден на Николас и Луси.
39-годишната Русинка, која има и американско државјанство и 45-годишниот пејач се родители и на 10-месечната ќерка Мери.
Парот е во врска веќе 19 години, но ретко издава информации за приватниот живот.