Верувале или не, Енрике Иглесијас влегува во петтата деценија од животот. Популарниот пејач денес го прославува својот 40 роденден.
Шпанскиот заводник ја започна својата музичка кариера кон средината на 90-тите години, под името Енрике Мартинез.
Меѓу најпознатите хитови на Иглесијас се „Hero“, „Bailamos“, „Bailando“, „Escape“, „Takin' Back My Love“ и „Tonight (I'm Lovin' You)“.
Музичкиот талент Енрике очигледно го наследил од својот познат татко Хулио Иглесијас.
Енрике е во врска со поранешната тенисерка Ана Курникова повеќе од 13 години. Пред две години медиумите започнаа гласини дека парот се разделил, но во изминативе месеци Енрике и Ана неколку пати беа фотографирани заедно.