Помина само еден месец откако беше финализиран разводот меѓу Марк Антони и Шенон Де Лима, а познатиот латино пејач веќе има нова љубов. Парот за првпат се појави заедно на црвениот тепих на гала во Њујорк.
48-годишниот поранешен сопруг на Џенифер Лопез и неговата двојно помлада девојка, Маријана Даунинг, со насмевка зачекорија на настанот организиран од фондацијата „Maestro Cares“. 21-годишниот модел шармираше во кремов фустан со отсечоци на половината.







Марк поднесе документи за развод од Шенон во декември 2016 година. Тие беа во брак две години.

