Ирина Шајк ги заведува Марк Антони и Ромео Сантос во спотот за новата песна на двајцата латино пејачи „Yo También“.
Во видеото, кое напомнува на краток акционен филм, Шајк е заробена во љубовен триаголник меѓу криминалецот Марк Антони и агентот на ФБИ Ромео Сантос. 29-годишната Русинка, која неодамна раскина со фудбалерот Кристијано Роналдо, го покажа својот привлечен изглед во секси долна облека и бикини.
Песната од видеото, кое е снимено во Доминиканската Република, е дело на 33-годишниот Сантос и е дел од неговиот најнов албум „Formula, Vol. 2“.