Денови пред 55-тиот роденден, Марк Антони беше почестен со своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
На црвениот тепих, популарниот пејач позираше заедно со 24-годишната сопруга Надја Фереира, со синовите Рајан и Кристијан и со својот добар пријател Дејвид Бекам.
Повеќекратниот добитник на Греми беше пријатно изненаден и плачеше кога Дејвид се појави на сцената и одржа емотивен говор во негова чест. Марк му е кум на синот на Дејвид, Круз, кој исто така беше на настанот.