Седмото дете на Марк Антони е на пат. Неговата нова сопруга Надја Фереира, со која стапи во брак минатиот месец, е бремена со нивното прво заедничко дете.
За Денот на вљубените, 23-годишниот модел и 54-годишниот пејач споделија фотографија, на која таа го покажува трудничкото стомаче.
„Најдобриот подарок за Св. Валентин. Благодарам Боже за овој најголем благослов во нашите животи“ – напиша таа.
Марк има уште шест деца од претходни врски и бракови. Во 1994 година се роди неговата прва ќерка Аријана, која ја има со бившата девојка Деби Росадо. Додека беа заедно, тие го посвоија синот Чејс.
Од бракот со мисицата Дајанара Торес има уште два синови, Кристијан Маркус Муњиз и Рајан Адриан Муњиз.
Во 2014 година, тој стапи во брак со Џенифер Лопез, која ги роди нивните близнаци Еми и Макс.
Ова е прв брак за Надја, која беше финалистка на Мис Универзум во 2021 година.