Пет години по разводот, Џенифер Лопез и Марк Антони даваат сè од себе за заедно да ги израснат нивните близнаци Макс и Еми.
50-годишната пејачка и 51-годишниот пејач со новите партнери присуствуваа на спортски настан во Мајами, на кој нивната 11-годишна ќерка го претставуваше своето училиште.
Лопез пристигна на настанот рака за рака со вереникот Алекс Родригез облечена во кежуал комбинација со фармерки и бела маичка.
Марк беше придружуван од својата 31-годишна девојка Рафаела Модугно, со која е во врска од 2017 година.
Џеј Ло и Антони беа во брак 10 години, од 2004 до 2014 година. Близнаците Макс и Еми се нивни единствени заеднички деца.