Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ева Лонгорија шармантна во деликатна креација во Дубаи

ФОТО: Ева Лонгорија шармантна во деликатна креација во Дубаи

Во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Дубаи, беше одржана гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.

Ева Лонгорија отпатува во Обединетите Арапски Емирати специјално за хуманитарната свечена вечера и влезе во улогата на домаќинка за бројни великодушни гости.

39-годишната ѕвезда шармираше во деликатна жолто-бела креација со чипка од модниот бренд Ali Younes.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Популарната актерка во неколку наврати има изјавено дека нејзината сестра ја мотивира да се вклучува во сè повеќе хуманитарни активности. „Израснав со сестра со специјални потреби. Таа е прекрасна личност и светлина во животите на сите во моето семејство“ – вели Лонгорија.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Во својот говор, Ева им се заблагодарила на присутните и изјавила дека се чувствува привилегирана што може да им помага на немоќните лица. „Дубаи е прекрасна и дарежлива заедница, па прекрасно е да се биде тука“ – рекла таа.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.