Ева Лонгорија е на заслужен одмор пред премиерата на нејзиното ново реално шоу „Ready for Love“. Убавата актерка била фотографирана додека уживала на плажата Копакабана во Рио, заедно со свои пријатели.
За време на престојот на плажата, 37-годишната „очајна домаќинка“ добила и релаксирачка масажа на стапалата.
Ева присуствува во Рио по повод доделувањето на наградите Laureus World Sports Awards кои заминуваат во рацете на најдобрите спортисти.
На крајот на месецов ќе биде премиерното издание на шоуто „Ready for Love“. Ева е продуцент на реалното шоу во кое 36 жени ќе се борат да го освојат вниманието на тројца мажи подготвени да ја пронајдат љубовта на својот живот.