Ева Лонгорија изгледа одлично и во опуштено издание без шминка. Еден ден по новогодишната прослава, ѕвездата од „Очајни домаќинки“ и нејзините пријателки Ла Ла Антони и Лорен Рајдингер објавија фотографија на која позираат без шминка и облечени по пижами.
„Новогодишна одлука... без шминка... без филтер... женска вечер за опоравување“ – напиша Ла Ла пред да ја објави фотографијата на Instagram. Набрзо Ева ја сподели фотографијата со своите фанови, коментирајќи дека позира со своите сестри.
37-годишната актерка ја дочека Новата Година на плажа на Бахами со блиски пријатели.
Ева и претходно не се плашела да застане пред фотоапарат без шминка. Пред неколку години беше фотографирана од „People“ со „голо“ лице.